петок, 29 мај 2026

Путин: Ќе спроведеме објективна истрага доколку добиеме информации за инцидентот (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше инцидентот со дронот кој наводно паднал на романска територија, критикувајќи ги реакциите од Европската Унија и нудејќи спроведување руска истрага под одредени услови.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Путин тврди дека Европската Унија автоматски покажува со прст кон Русија по секој таков инцидент. „Првата реакција во ЕУ на кој било дрон е да го прогласат за руски, а потоа се покажува дека не е“, рече тој.

Во врска со конкретниот случај, тој рече дека Москва е подготвена да ги истражи околностите на падот на дронот доколку ги добие потребните информации. „Доколку добиеме објективни податоци за падот на дронот во Романија, ќе спроведеме објективна истрага“, рече Путин.

„Доколку ни дадат какви било објективни податоци, како што еднаш им дадовме информации на претставниците на американската администрација и остатоци од дрон кој се обиде да погоди една од резиденциите на рускиот претседател, ние едноставно ги предадовме на анализа“, рече Путин.

„Никој не може да каже од каде доаѓа одреден дрон додека не се спроведе истрага“, рече Путин.

Неговата изјава доаѓа откако романските власти објавија дека дронот што погоди станбена зграда во Галац е од руско потекло и носел експлозиви. Букурешт го нарече инцидентот сериозно кршење на неговиот суверенитет и воздушен простор, додека НАТО и бројни европски претставници изразија поддршка за Романија.

Сепак, Москва продолжува да ја негира одговорноста. Додека Путин тврди дека Европската Унија пребрзо заклучува дека станува збор за руски дрон. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Захарова рече дека не се презентирани докази за таквите обвинувања. Руските власти сè уште официјално не признале дека дронот што се урна во Романија бил руски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ