сабота, 30 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени за внесување на Бугарите без гаранции од ЕУ нема да има

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот без претходни гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата потсетуваат на претходните уставни измени поврзани со промената на уставното име, за кои, како што наведуваат, тогашната власт предводена од СДСМ уверувала дека се последниот чекор на државата кон членство во ЕУ.

„СДС и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, уверувајќи дека ќе следуваат бројни придобивки, но наместо отворање на поглавјата и напредок во евроинтеграциите, државата се соочи со нови блокади“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, политиките на тогашните владини претставници довеле до промена на државното име без остварување на очекуваните резултати во процесот на европска интеграција.

Во соопштението се посочува дека и денес се испраќаат пораки дека внесувањето на Бугарите во Уставот е клучниот чекор кон ЕУ, што од ВМРО-ДПМНЕ го оценуваат како погрешен пристап.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена. Уставни измени без гаранции нема да има“, се наведува во партиското соопштение.

Ставовите беа изнесени на прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ