недела, 14 јуни 2026

Возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта

Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци.

Објавено на

часот

Сподели

Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај.

„А.Л. на улицата ‘Амди Леши’ во Дебар, управувајќи моторно возило фолксваген поло со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото“, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител возилото е одземено и по целосно документирање на настанот против А.Л. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ