сабота, 30 мај 2026

Уапсен е возачот на автомобилот во кој по удар загина 19-годишно момче со мотор на „Пластичарска“

Полицијата соопшти дека го уапсила возачот на автомобилот кој му го препречи патот на мотоциклистот на „Пластичарската“ улица во Скопје. Во тешкиот судир загина 19-годишниот мотоциклист.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, несреќата, која се случила на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, е пријавена вчера нешто пред 22:30 часот.

„Во судирот учествувале патничко возило ауди а4 со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. на возраст од 31 година од село Визбегово, и два моторцикли. Едниот моторцикл бил БМВ, управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје, а вториот бил хонда адв, управуван од Н.Б. на возраст од 21 година, исто така од Скопје. Во судирот, со тешки телесни повреди се здобил 19-годишниот возач на моторциклот БМВ. Тој итно бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза, каде и им подлегнал на повредите. На местото на несреќата бил извршен детален увид од јавен обвинител и екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.

Порталот „Алмакос“ објави снимка од местото направена непосредно по несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ