Речиси без исклучок, кога ПСЖ слави титула или кога ќе загуби голем меч, низ улиците на Париз се случува вистинско лудило. Така беше и по вчерашното финале во Будимпешта.
Министерството за внатрешни работи во Франција информираше дека до раните утрински часови биле уапсени 416 лица.
View this post on Instagram
Во нередите биле повредени седум полицајци, направена е материјална штета над автомобили, деловни објекти и автобуска станица.
Навивачите кои излегле на улиците користеле и многу пиротехника, факели, огномети и други пиротехнички средства. Полицијата интервенирала со солзавец.
Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, ги осуди настаните, нарекувајќи ги „апсолутно неприфатливи“, додека лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, порача дека „само во Франција победа на фудбалски клуб може да предизвика вакви немири“.
И покрај инцидентите, фудбалерите на ПСЖ денеска ќе учествуваат на шампионска парада низ Париз, која ќе мине покрај Ајфеловата кула, а потоа ќе бидат примени и од францускиот претседател Емануел Макрон.






