недела, 31 мај 2026

Трамп: Иран се согласи да не развива нуклеарно оружје, ако не го добиеме она што го сакаме, ќе го завршиме на поинаков начин (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обврзал да не развива нуклеарно оружје, што е една од клучните точки на спор во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за ставање крај на војната.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иако во последните денови се чинеше дека двете земји се блиску до постигнување договор, Њујорк тајмс вчера соопшти дека Трамп го заострил својот предлог и му испратил на Техеран нова верзија од текстот.

Американскиот весник не даде детали за промените што ги направи претседателот. Сепак, според Аксиос, Трамп сака поагресивен став од Вашингтон за неколку прашања што ги смета за особено важни, вклучително и судбината на иранскиот нуклеарен материјал.

Во интервју со неговата снаа, Лара Трамп, снимено претходно оваа недела и емитувано вчера на Фокс њуз, претседателот рече дека добил уверување дека Техеран нема да се здобие со нуклеарно оружје, ниту со производство ниту со купување.

„Единствената гаранција што ми треба е дека нема да има нуклеарно оружје. Тие се согласија со тоа, и тоа беше многу интересно. На почетокот рекоа: „Нема да развиваме нуклеарно оружје“. Јас реков: „Што ако го купите?“ Сега велат: „Нема да го развиваме ниту да го купуваме на кој било начин“, рече Трамп.

Тој верува дека Соединетите Американски Држави полека, но сигурно го добиваат тоа што го сакаат.

“А ако не го добиеме тоа што го сакаме, работите ќе се одвиваат поинаку”, порача тој.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера предупреди дека САД се „повеќе од способни“ за војна против Иран доколку преговорите не успеат.

Прашањето за нуклеарната програма останува една од главните пречки во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за прекин на конфликтот, кој започна на 28 февруари со израелско-американската офанзива против Исламската Република Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ