недела, 31 мај 2026

Израелската војска зазеде стратешка позиција во Либан, најдлабок упад на територијата во последните 26 години

Израелските војници зазедоа стратешки важна позиција во јужен Либан, во најдлабокиот упад на израелските сили на либанска територија во последните 26 години, соопшти денес војската.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За заземањето на замокот Бофорт, тврдина што датира од времето на крстоносните војни, во близина на градот Набатија претходеле повеќедневни интензивни борби и воздушни напади врз блиските села, каде израелските трупи се бореле против Хезболах.

Израелската војска започна напад и покрај прекинот на огнот што е на сила од 17 април.

Портпаролот на израелската војска, Авичаи Адреи, објави фотографија на интернет на која се гледаат израелски војници пред замокот.

Израелските трупи претходно го зазедоа замокот во 1982 година и го држеа сè до нивното повлекување од Либан во 2000 година.

Израел го прошири опсегот на своите операции во Либан во последните денови, повикувајќи ги жителите на јужните области да се евакуираат.

Ниту Хезболах ниту либанската влада не коментираа за израелскиот напредок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ