Тој, на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам.

„Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици. Настанот е значајна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап“, напиша Муцунски.





