Островот, познат како „Ел Охо“ или „Окото“, се наоѓа во рамките на редовно обликуван прстен од вода, поради што од воздух наликува на огромно човечко око.
Неговиот необичен изглед предизвика бројни теории, од приказни за НЛО појави до различни натприродни објаснувања, иако научниците нудат многу поедноставни објаснувања. Тие објаснуваат дека станува збор за природен феномен на откинување на парчиња мочурлива вегетација кои потоа се обликувани од ерозијата и водените струи.
Откритието на овој природен феномен го направи аргентинскиот режисер Серхио Нојшпилер додека бараше локација за снимање филм користејќи го Google Earth. Иако островот е видлив на сателитските снимки од 2003 година, поради непристапноста и сложеноста на делтата Парана, долго време не привлекувал големо внимание од јавноста.
Денеска, „Окото“ останува еден од најинтересните природни феномени во Аргентина, продолжувајќи да ја буди љубопитноста кај посетителите ширум светот.





