четврток, 16 јули 2026

Фосил од Т-рекс купен за 50,1 милиони долари: Најскапиот фосил од диносаурус некогаш продаден

Фосил од тираносаурус рекс по име Гас е продаден на аукција на „Сотби“ во Њујорк за рекордни 50,1 милиони долари, што го прави најскапиот фосил од диносаурус некогаш продаден.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Аукциската куќа „Сотби“ објави дека фосилот стар 67 милиони години го надминал претходниот рекорд од речиси 45 милиони долари, кој во 2024 година го достигна речиси целосен стегосаурус, како и Т-рекс Стен, продаден за речиси 32 милиони долари во 2020 година.

Гас е возрасен примерок висок околу 3,8 метри и долг 11,5 метри. Од аукциската куќа наведуваат дека фосилот е зачуван околу 63 проценти, со исклучително добро зачуван череп, моќна вилица со заби, две добро зачувани стапала и неколку пронајдени коски, вклучувајќи ја фуркулата, или вилушкастата коска.

Фосилот е откриен во 2021 година на ранч во Јужна Дакота. Касандра Хатон, потпретседателка на „Сотби“, меѓу другото, изјави дека го добил името по сопственикот на имотот, Гери Гас Ликинг. Купувачот, чиј идентитет не е откриен, во десетминутното наддавање, кое се одвивало во живо и онлајн, ги надминал понудите на уште шест заинтересирани учесници.

Во пресрет на продажбата, Здружението за палеонтологија на ‘рбетници изјави дека научно значајните фосили како Гас треба да бидат изложени во музеи и истражувачки институции, за да останат зачувани и достапни за идните генерации. Како примери, тие го наведуваат „Апекс“, кој е долгорочно позајмен на Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, „Сју“ во музејот „Филд“ во Чикаго и „Стен“ изложен во Музејот за природна историја во Абу Даби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ