четврток, 16 јули 2026

Универзитетскиот професор Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата уставен судија

Универзитетскиот професор Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата уставен судија, информираа од Уставниот суд. Од Судот велат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

Од Уставниот суд уште информираа дека судијата Наумовски не присуствувал на денешната седница на која меѓу другото на дневен ред беше и иницијативата на Левица и Демократи за Изворниот законик.

„До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши“, информираат од Уставен суд.

Од Судот не знаеја да кажат зошто Наумовски ја поднел оставката.

По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава, со 63 гласа за, седум против и без ниту еден воздржан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ