четврток, 16 јули 2026

Притвор за сопружниците осомничени за убиство на докторот Ацо Трповски

Двајцата сопружници, осомночени за убиството на докторот Ацо Трповски, добија 30 дена притвор, односно прифатен е предлогот на скопското обвинителство, информираат од Кривичниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е одреден поради опасност од бегство на сопружниците и поради влијание врз сведоци.

Вчера од МВР информираа дека врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело убиство, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело.

Според првичните сознанија, на 21 март 2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело.

Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале, информираа од МВР

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ