Аргентинците ја казнија кукавичката игра на Англичаните кои комплетно се повлекоа по водечкиот погодок и беа казнети.
Првото полувреме изобилуваше со многу физички дуели, фаули, но ниту еден удар во рамките од двата гола.
Второто полувреме беше многу поразлично, три голови, многу шанси и возбудлива завршница.
Англија поведе во 55. минута по една одлична акција, центаршут на Роџерс, Гордон погоди за предност од 1-0.
Откако го дадоа голот, Англичните почнаа да се бранат со низок блок, се редеа шанси пред мрежата на Пикфорд кој имаше неколку одлични интервенции.
Одбраната на Англија изгледаше катастрофално, Аргентина ги доби сите воздушни дуели.
Резултатот беше израмнет во 85. минута кога по додавање од Меси, Енцо Фернандез распука по топката од далечина за 1-1.
Аргентина продолжи да напаѓа, Англија беше во бунило. Во 92. минута центаршут на Меси до Лаутаро кој погоди со глава за комплетен пресврт и победа за Аргентина од 2-1.
Во неделното финале Аргентина ќе игра против Шпанија која претходно ја победи Франција.





