Преку снимен видео повик, режисерката на „Држи се за мене”, Мирсини Аристиду се заблагодари за наградата, за која, како што кажа, ѝ е многу мило и многу и значи што филмот бил погледнат во Македонија.
Наградата за најдобар режисер на Медитеранот ја понесе српскиот режисер Александар Радивојевиќ за „Кармадона”, а жирито истакна дека го наградува за храбра и оригинална режисерска визија. Посебно беше издвоена и режисерската двојка, Елена Кате и Бруно Форцани за филмот „Одразот во мртвиот дијамант” за извонредни достигнувања во режирањето.
На свеченото доделување, за најдобар актер и актерка на Медитеранот беа прогласени бугарската актерка Пламена Гетова и гостинот на Фестивалот од Белгија, Јаник Рение.
За извонредно креативно филмско достигнување под специјални услови за работа, односно во период на војна жирито му оддаде признание на иранскиот филм „Коцкар”, а наградата за најдобра кинематографија ја зема кинематографот Душан Кардалевски, за филмот „Кома” на режисерот Агим Абдула.
Наградата за најдобра музика се додели на Ѓорѓе Миљеновиќ за филмот „Кармадона”, а за најдобар краток филм беше прогласен „Антигона”.
МИА





