среда, 15 јули 2026

Петер Сијарто поднесе оставка од парламентот, се вработи во кинеска компанија

Поранешниот унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес објави дека поднел оставка од парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поднесов оставка од мојот пратенички мандат. Причината за ова е што добив исклучително престижна понуда од една од водечките компании во светската економија за извршување меѓународна функција“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Компанијата БИД, како што изјави Сијарто, е една од најголемите успешни приказни во автомобилската индустрија во последните дваесет години, а е и водечки светски производител на возила на нови извори на енергија.

„Од денес, ја продолжувам мојата кариера како менаџер одговорен за надворешните односи на компанијата и развојот на нови деловни области во рамките на групацијата“, рече Сијарто.

Сега веќе поранешен унгарски министер, Петер Сијарто првпат влезе во унгарското Национално собрание во 2002 година, потоа беше личен портпарол на премиерот Виктор Орбан од 2010 година, а од 2012 година беше државен секретар за надворешни работи и надворешно-економски односи. Тој беше министер за надворешни работи помеѓу 2014 и 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ