Силекс треба само да не загуби за да го помине белорускиот тим и да се пласира во второто квалификациско коло.
„Имаме против себе незгоден ривал, но на првиот меч покажавме дека знаеме да играме на резултат. Ова е историска шанса на генерацијата. Ќе направиме се што е во наша можност да не загубиме. Сметам дека би било погубно да се повлечеме од првата минута, а доколку сме во можност ќе се обидеме да постигнеме и гол. Противникот е во подобар ритам од нас. Одиграа 15 меча во првенството и се лидери на табелата. Ние немаме таков ритам, но секако веруваме дека може да се пласираме во следното коло во Европа”, изјави тренерот на Силекс, Александар Васоски.
Натпреварот се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ со почеток од 20 часот, со директен пренос на Арена М1 Премиум.





