среда, 15 јули 2026

Трамп ќе се најде на монета од еден долар (ВИДЕО)

Жителите на САД наскоро ќе можат да го видат потписот на претседателот Доналд Трамп на банкнотите, додека неговиот портрет ќе се најде на пригодна монета. Одлуката отвори прашање дали со тоа се прекршува федералниот закон што забранува прикажување живи претседатели на американски пари.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

По повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, Американската ковачница издава пригодни монети од еден долар со ликот на Трамп. Администрацијата тврди дека тоа е дозволено со закон од 2020 година, кој на министерот за финансии му дава овластување да издава монети од еден долар „со мотиви што ја симболизираат 250-годишнината на САД“.

На монетата ќе се наоѓа актуелниот претседателски портрет на Трамп, а не дизајнот што го препорача Комисијата за ликовни уметности, чии членови ги именуваше самиот Трамп. Конечната одлука ја донел министерот за финансии.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент, чиј потпис исто така ќе се наоѓа на банкнотите, ги претстави промените во емисијата „Џеси Вотерс прајмтајм“ на Фокс њуз и тврдеше дека прикажувањето на Трамп на монетата е во согласност со законот.

„Како министер за финансии имам само два услови: на парите некаде мора да пишува ‘Веруваме во Бога’ и на нив не смее да биде прикажано живо лице. Меѓутоа, по повод 150-годишнината беше издадена монета со Калвин Кулиџ, така што можеме да ставиме лик на живо лице на монета“, изјави Бесент.

Во емисијата Бесент ги покажа и новите банкноти од 100 долари. Потписот на Трамп се наоѓа во долниот лев агол, веднаш над потписот на министерот за финансии. Администрацијата на Трамп веќе извесно време настојува ликот и потписот на претседателот да се најдат на американските пари, образложувајќи го тоа со одбележувањето на 250-годишнината од основањето на САД.

Администрацијата притоа тврди дека портретот на Трамп на монетата од еден долар е дозволен со Законот за редизајн на циркулациските колекционерски монети од 2020 година, со кој на министерот за финансии му е дадено овластување да издава такви монети во текот на една година, почнувајќи од јануари 2026 година.

Пригодната монета со ликот на Калвин Кулиџ беше издадена во 1926 година, додека тој сè уште беше претседател, по повод 150-годишнината од основањето на САД. Но таа предизвика бројни контроверзии, а повеќето примероци подоцна биле претопени, пишува Вашингтон пост.

Пригодните монети од еден долар се разликуваат од златниците изработени од 24-каратно злато, на кои се наоѓа поинаков приказ на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ