На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир
Лукровски, кој им посака добредојде на учесниците и ја истакна важноста на овој
фестивал.

„Особена чест и задоволство ни е што Општина Карпош е домаќин на дел од програмата на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“. Овој фестивал обединува ансамбли од повеќе земји и континенти, носејќи ја убавината на различните култури, традиции и обичаи. Преку песната, играта и фолклорот градиме мостови на пријателство, меѓусебно почитување и културна соработка, испраќајќи силна порака дека различностите се наша заедничка вредност“, истакна Лукровски.
Фестивалот е финансиски поддржан од локалната самоуправа, со средства
предвидени во Програмата за култура на Општина Карпош. Општината останува
посветена на поддршката на културните настани кои ја негуваат традицијата, ја
промовираат културната разновидност и го збогатуваат културниот живот во Карпош.





