среда, 15 јули 2026

Официјално: Муарем Муарем ќе го води Скопје на кам-бекот во ПМФЛ

Скопје го назначи Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб пред настапот во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец се враќа во клубот во кој настапуваше и како фудбалер, а на тренерската функција го наследува Александар Таневски. Муарем ќе има задача да го предводи повратникот во македонската елита и да обезбеди стабилни резултати во прволигашката конкуренција.

Во својата тренерска кариера, Муарем последен пат го водеше Работнички во пролетниот дел од минатата сезона, а претходно беше тренер на Башкими и Гостивар. Како фудбалер остави значаен белег во македонскиот фудбал, настапувајќи за Работнички, Карабах, Шкендија и Скопје, а беше и македонски репрезентативец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ