четврток, 16 јули 2026

Доктор открива пет работи што секој треба да ги направи штом ќе се разбуди

Д-р Амир Кан е еден од најпознатите телевизиски доктори во Велика Британија, редовно се појавува во емисиите „Добро утро Британијо“ и „Лорејн“ за да споделува совети за здравје. Тој е исто така многу активен на социјалните мрежи, каде што има над еден милион следбеници.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна сподели пет едноставни утрински навики за кои смета дека можат позитивно да влијаат врз здравјето, пренесува Индекс.

„Ви ги носам моите пет најдобри совети за здравје, сосема бесплатни. Без додатоци во исхраната, без ништо што продавам, без направи – само пет работи што се добри за вас и што можете да ги правите штом ќе се разбудите“, рече тој.

Испијте голема чаша вода

Д-р Кан советува денот да се започне со чаша вода, бидејќи организимот е природно малку дехидриран по седум или осум часа сон.

„Чаша вода веднаш наутро помага да ја надоместите течноста изгубена во текот на ноќта. Тоа придонесува за подобра циркулација, работа на бубрезите и варење, а кај некои луѓе може да ја подобри будноста и концентрацијата“, рече тој.

Излезете надвор

Овој совет го опишува како свој омилен. Објасни дека утринската светлина дејствува на посебни клетки во очите кои испраќаат сигнал до биолошкиот часовник во мозокот, со што се намалува лачењето на мелатонин и се усогласува циркадијалниот ритам.

„Луѓето кои се изложуваат на силна утринска светлина често спијат подобро, имаат повеќе енергија во текот на денот, а дури се и подобро расположени“, тврди тој.

Додава дека не е потребно долго да се престојува надвор и дека понекогаш се доволни само 10 до 20 минути со утринското кафе.

Одете боси по трева

Докторот вели дека не се осврнува на теории за електромагнетни полиња, туку на придобивките за стапалата и рамнотежата.

„Станува збор за стимулирање на илјадници нервни завршетоци во стапалата, проверка на рамнотежата, зајакнување на малите мускули на стапалата и глуждовите, но и за тоа малку да забавите и да се поврзете со природата уште на почетокот на денот“, објасни тој.

Слушајте го цвркотот на птиците

Според него, звуците на природата можат да имаат позитивен ефект врз менталното здравје.

„Истражувањата покажаа дека слушањето на цвркотот на птиците и други природни звуци може да го намали стресот, да го подобри расположението, па дури и да ги ублажи чувствата на анксиозност и параноја“, истакна тој.

Додаде дека научниците сметаат оти таквите звуци му испраќаат порака на нервниот систем дека сме безбедни.

Вдишете пет пати бавно

За крај препорачува пет бавни и длабоки вдишувања.

„Вдишувајте четири секунди и издишувајте шест. Ова го активира парасимпатичкиот нервен систем, системот одговорен за одмор и варење. Го забавува срцевиот ритам, ги намалува нивоата на хормони на стрес и испраќа сигнал до мозокот дека сте опуштени и безбедни“, објасни тој.

Тој истакна дека целата вежба трае помалку од една минута и заклучи: „Ништо од ова не чини пари. Не продавам ништо. Понекогаш најмоќниот лек не е нешто што можете да го купите, туку нешто на кое треба да се потсетиме, нешто за што нашите тела се создадени и што нашите предци го правеле со векови.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ