четврток, 16 јули 2026

Зеленски го номинираше шефот на државната енергетска компанија за нов премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го номинираше шефот на државната енергетска компанија Нафтогас за нов премиер, јави германската новинска агенција ДПА. Парламентот ја прими номинацијата на Сергеј Коретски, објави претседателот на телото Руслан Стефанчук на Фејсбук.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стефанчук не кажа кога Врховната рада ќе гласа за неговата потврда, но се очекува тоа да биде веќе во четврток, објави ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реструктуира владата за да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.

Министерот за одбрана Михајло Федоров, кој наводно е во конфликт со Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така би можел да ја изгуби својата позиција, на која беше назначен во јануари. Федоров се чини дека го потврди своето заминување во објава на Фејсбук во средата, пишувајќи дека му било „голема чест да му служи на украинскиот народ“ како министер за одбрана.

Украинските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека на министерот за внатрешни работи Ихор Клименко му е понудена улогата. Во вторник, Парламентот ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко и нејзината влада по помалку од една година од нејзиниот мандат.

Бидејќи партијата „Слуга на народот“ на Зеленски има парламентарно мнозинство, тој е одговорен за реструктуирање на владата. Според украинскиот устав, претседателот има право да предлага кандидати за министри за одбрана и надворешни работи, а премиерот го предлага владејачката коалиција.

Ова е втора смена на премиерот од руската инвазија во февруари 2022 година, а доколку Федоров биде заменет, тоа ќе биде четврта смена на министерот за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ