четврток, 16 јули 2026

Затвореници го чистат ѓубрето покрај магистралите

Затвореници од повеќе казнено-поправни установи низ државата од вчера се вклучени во седумдневна работна акција за чистење на просторот покрај магистралните и регионалните патишта.

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата е резултат на соработката меѓу Управата за извршување на санкции и Јавното претпријатие „Македонијапат“, а целта е расчистување на отпадот и уредување на патниот појас.

На околу десетина локации низ земјата, осудени лица започнаа со собирање на отпадот оставен покрај патиштата, кој најчесто е фрлен од несовесни возачи и патници. На дел од локациите затворениците работат и на дополнителни активности, како отстранување плевел од рабниците и поткастрување на вегетацијата, информираат од Управата за извршување на санкции.

Во акцијата се вклучени лица од повеќе казнено-поправни домови и установи, меѓу кои најголемиот затвор „Идризово“, како и затворите во Штип, Прилеп, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга.

„Осудените лица кои се работно ангажирани на магистралните и регионалните патишта се во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ја издржуваат својата казна и истите се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција“, соопштија од Управата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ