четврток, 16 јули 2026

14-годишник во Лондон обвинет за тероризам, планирал напади врз две џамии

Четиринаесетгодишно момче е обвинето за тероризам под сомнение дека подготвувало напади врз две џамии во Лондон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тинејџерот, кој беше приведен минатиот четврток, на 9 јули, во јужен Лондон, првично бил уапсен под сомнение за оштетување на возило. Меѓутоа, при претресот полицијата пронашла „низа загрижувачки документи“.

Поради тоа, тој повторно бил уапсен според британскиот Закон за тероризам, под сомнение за поврзаност со крајнодесен тероризам, објави Скај њуз.

Поради неговата возраст, идентитетот на момчето не смее да биде објавен.

Тој сега е обвинет за подготовка на терористички напади во областа Сатон, во јужен Лондон. Дополнително, се товари и за кривично дело оштетување имот со расна мотивираност.

Од полицијата соопштија дека обвинението за тероризам се однесува на план за напад врз две џамии во областа Сатон.

„Полицијата стапи во контакт со џамиите, а специјализирани службеници им обезбедуваат постојани совети и поддршка. Исто така, во контакт сме со жртвата чие возило беше оштетено“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на полицијата додаде дека не се верува оти постои поширока или трајна закана поврзана со овој случај и дека во рамките на истрагата не се трага по други лица.

„Ова е многу сериозно обвинение за тероризам против едно младо момче и веројатно ќе предизвика голема загриженост кај јавноста и локалната заедница“, изјави Хелен Фланаган, командант на лондонската антитерористичка полиција.

„Свесни сме дека ова особено ќе ја вознемири муслиманската заедница. Тесно соработуваме со погодените верски објекти за да ги добијат сите потребни информации и им обезбедуваме совети, поддршка и чувство на сигурност, а така ќе продолжиме и понатаму“, рече Фланаган.

„Иако е длабоко загрижувачки што лице на толку мала возраст е обвинето за вакви кривични дела, за жал, во нашите истраги бележиме сè поголем број деца и млади“, додаде таа.

Малолетникот останува во притвор, а утре треба да се појави пред Судот во Вестминстер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ