Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување освен декларираната стока, царинските службеници извршиле детална контрола поради сомневање.
При прегледот биле пронајдени вкупно 2.000 вијали, спакувани во папки и кеси, без оригинално пакување. Медицинските препарати биле сокриени на повеќе места во кабината – во горниот кревет, во фабричка шуплина, над возачкото седиште, како и во личниот багаж сместен во долниот кревет.
Од Царинската управа посочуваат дека со оваа акција се спречило небезбедни медицински препарати да стигнат до граѓаните, нагласувајќи дека ваквите производи подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани услови за чување и транспорт.
Станува збор за медицинскиот раствор гадонанс 7,5 мл, кој се користи како контрастно средство при магнетна резонанца и се аплицира венски.
Од Царинската управа апелираат дека секој обид за криумчарење на лекови и медицински препарати ќе биде најстрого санкциониран.
Годинава Царинска управа спречила 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.





