Како што информира Судот, на 27 мај 2026 година е донесена пресуда со која се одбива обвинението, бидејќи обвинителството се откажало од понатамошното гонење.
Драган Павловиќ – Латас и уште три фирми од Скопје се гонеаа даночно затајување против како физичко лице и три фирми од Скопје.
„Предметот неколку пати почнуваше од почеток заради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство, за на последното рочиште, надлежниот Јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење најпрвин направил измени во обвинителниот акт, по што утврдил дека за две од обвинети правни лица во постапката, не се исполнети елементите кои го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело даночно затајување, додека за едно правно лице и обвинетиот Д.П. – Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Заради сето тоа, судот постапил согласно законските одредби и ја донел наведената пресуда“, соопшти Кривичниот суд.
Пресудата е правосилна од 25 јуни 2026 година, а Судот информира дека веќе се изготвени и решенијата за трошоците на странките.
По законската обврска за анонимизација, пресудата ќе биде објавена и на веб-страницата на Кривичниот суд.





