Во соопштението се советува, колку што е можно, да се избегнуваат мрсната храна, пржената храна и печивата, а се препорачува оброците да се подготвуваат со варење, печење на скара, динстање или готвење со мала количина вода.
Исто така, се препорачува да се зголеми консумацијата на овошје и зеленчук, да се избира храна богата со растителни влакна како што се интегрален леб, овесна каша и булгур, како и консумирање десерти и сладолед на база на млеко и овошје наместо висококалорични печива.
Наместо чај, кафе и газирани пијалаци, се препорачува да се изберат пијалаци како млеко (по можност полумасно), ајран и овошен сок за да се задоволат потребите за течности.
На граѓаните им се препорачува да не консумираат храна што се продава на отворено.
Кога станува збор за појадок, тој треба да содржи сирења со ниска масленост, маслинки и свеж зеленчук.
Овошниот сок и билните чаеви, како што се липа и шипка, треба да имаат предност во однос на пијалаците што содржат кофеин, советува турското Министерство за здравство.





