Трамп со години инсистира на тврдењата дека неговиот пораз на изборите во 2020 година бил резултат на изборна измама, иако досега тие тврдења не се поткрепени со докази, пишува Еј-би-си њуз.
Одговарајќи на прашање за говорот, кој го најави во понеделникот на својата социјална мрежа, Трамп од Овалната соба изјави дека станува збор за „навистина голема вест“ и ја нагласи важноста на „слободните и фер избори“.
„Нема ништо поважно, бидејќи без слободни и фер избори немате држава. Ќе зборуваме и за други работи, но ова ќе биде многу голема објава“, рече Трамп.
Извори предупредуваат дека плановите на Трамп секогаш може да се променат, но според моменталните информации темата на неговото обраќање, закажано за 21 часот по локално време, ќе биде „изборната измама“.
И покрај неговите повеќекратни тврдења, американските власти досега не пронајдоа докази за широко распространета изборна измама што би можела да влијае врз исходот на изборите во 2020 година.
🚨 JUST IN: President Trump is preparing to drop BOMBSHELLS in a primetime 9PM White House address tomorrow night, it’s “REALLY BIG NEWS” and will likely involve election security
TRUMP: “Our country has to SHAPE UP…what we’re talking about Thursday, it doesn’t get bigger.… pic.twitter.com/gkRoB33H18
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) July 15, 2026
Белата куќа засега не открива детали за говорот.
„Вистината е дека никој сè уште не знае што на крај ќе каже претседателот Трамп и затоа сите треба да го следат неговото обраќање“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Трамп неодамна на чело на Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање го постави својот близок соработник Бил Пулте, кој нема претходно искуство во областа на националната безбедност.
Претседателот изјави дека од Пулте очекува да ја тргне ознаката на тајност од доверливи информации и да отпушти повеќе долгогодишни службеници во разузнавачката заедница.
За време на првиот мандат на Трамп, американските разузнавачки служби известија за обиди на Иран, Кина и Русија да влијаат врз изборите во 2020 година. Подоцна беше утврдено дека тие активности не го промениле изборниот резултат. Првичните тврдења на администрацијата на Трамп дека и Кина имала значително влијание врз изборите, американската разузнавачка заедница подоцна ги оцени како неточни.





