четврток, 16 јули 2026

Скопјанец измамен за околу 28.700 евра, му ветиле дека ќе му го вратат запленетиот златен накит

Вчера во 21:30 часот, во СВР Скопје, маж од скопско пријавил дека во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 бил измамен од едно машко лице за сума од околу 28.700 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, оштетениот го запознал лицето во занаетчиски дуќан во Скопје, каде што тоа му се претставило како службеник во државна институција. Лицето му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа требало да плати одредена сума пари.

Пријавителот му ги предал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ