четврток, 16 јули 2026

Пијан тетовец со нож се обидел да ограби казино, заврши во полициска станица

Полициски службеници во Тетово го лишиле од слобода К.В. (32) од Тетово, поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој истиот ден, околу 11:05 часот, се обидел да изврши разбојништво во казино во Тетово.

Кај осомничениот бил извршен претрес, а алкотестирањето покажало дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ