Тој потсети дека пред две недели Влен поставила прашања за овој скандал, но одговор нема.
„Некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал. Зборувавме за повеќе од 9 милиони евра европски средства за кои јавноста сè уште нема одговор каде завршиле, за кривичната пријава на Финансиската полиција, за договорите склучени со домашни компании и за сомнежите дека во целата работа можеби биле вклучени и компании поврзани со семејниот круг на Али Ахмети. Побаравме да се отвори секој договор, да се провери секоја исплата и да се утврди одговорноста на сите што биле вклучени во овој проект. Сега прашањата не ги поставува само Влен, одговори почна да бара и Европската Унија“, рече Сулејмани. Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, веќе соопшти дека ЕУ прибира документација за овој проект.
„Затоа веќе не е доволно да се прашуваме само каде завршиле милионите. Јавноста мора да знае и кој го пријавил проектот како завршен, врз основа на кои документи и со какво образложение. Колку повеќе се чепка во овој скандал, толку повеќе смрди на корупција. ДУИ ја имаше власта во свои раце 24 години. Во Кичево ја водеше Општината три мандати по ред. За време на нивното владеење овој проект, финансиран со пари од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Но, канализацијата не беше завршена. Сега станува јасно и зошто“, рече Сулејмани.
„Ова е вистинското лице на ДУИ. Патриоти пред камерите, а зад завесите пропаднати проекти, милиони за кои нема отчет и документација што сега ја прибира Европската Унија. Како што рековме, Али Ахмети мораше да замине во опозиција за целиот талог да исплива на површина. Да исплива и вистината зошто Зајас, неговото родно место, остана без канализација“, додаде Сулејмани.





