Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, странските државјани со студентски визи нема да можат да останат на американска територија подолго од четири години.
Престојот на странските новинари би се скратил на максимум 240 дена, или околу осум месеци, со можност за поднесување барање за продолжување за период со исто времетраење.
За кинеските новинари ќе се применува особено рестриктивна рамка, па нивните визи ќе бидат ограничени на само 90 дена.
САД досега издаваа визи за студенти за периодот на траење на нивните студии, а за новинари до пет години, пренесува Франс прес.
Новата мерка, која владата ја предложи минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани во стотици странски медиуми во САД.
Многу меѓународни медиуми предупредија во отворено писмо дека одлуката ќе го „намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.





