Како што соопштија од ЦУК, најкритична останува состојбата во Општина Старо Нагоричане кај селото Канарево, каде гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Ново Село, во атарот на селото Бајково, каде биле зафатени ниска вегетација и мешана шума.
Во текот на денот целосно се изгаснати три пожари во Општина Кичево, кај селото Србица, каде горела нива, во Општина Неготино, на потегот од селото Војшанци кон Пепелиште, каде било зафатено напуштено лозје и во скопската Општина Чаир, на улицата „Втора Македонска Бригада“, каде горела ниска вегетација.





