четврток, 16 јули 2026

Почина македонскиот државјанин кој беше во притвор во Валона поради трговија со дрога

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар.

Објавено на

часот

Сподели

– Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија албанските медиуми.

Албанската полиција Б.Л. го уапси на 25 април во Валона, каде имал изнајмено стан кого, според полицијата го претворил во „база за дрога“.

„Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. кој изнајмил стан во населбата 10 јули каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања“, објави тогаш полицијата.

За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони.

Во акцијата уапсени биле и албанските државјани А.И. од Валона и К.А од Берат, кои се товарат за кривично дело производство и продажба на наркотични дроги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ