четврток, 16 јули 2026

Во пожар во сиропиталиште во Алжир загинаа 11 лица, 19 се повредени

Во пожар што избувна денеска во сиропиталиште на периферијата на главниот град на Алжир загинаа 11 лица, а 19 се повредени, објавија државните медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избувнал во сиропиталиште во областа Мохамедија, во источното предградие на градот Алжир.

Десет повредени добиле изгореници од различен степен, додека тимовите за вонредни ситуации евакуирале пет лица со инвалидитет на безбедно место, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Агенцијата соопшти дека пожарот сè уште се гаси, но не ги откри идентитетите на жртвите, нивната возраст или причината за пожарот, пренесува Ројтерс.

Поради топлотниот бран што го погоди Алжир во последните денови, службите за цивилна заштита изгаснале 913 пожари низ целата земја од 8 јули, соопшти државната агенција АПС, повикувајќи се на Генералната дирекција за цивилна заштита.

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун изрази сочувство во објава на социјалните мрежи, велејќи дека добил вест „за смртта на деца и повреди на други по пожарот што избувна во установа за згрижување деца“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ