четврток, 16 јули 2026

Шкендија уште еднаш ја победи Европа за заверка на пласманот во второто коло (ВИДЕО)

Со гол на Ване Крстевски во самиот финиш од натпреварот, Шкендија со 1-0 ја победи Европа во Скопје и со вкупни 6-0 се пласираше во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот вицешампион работата си ја заврши на првиот натпревар, од гостувањето се врати со пет голови позитива, па денеска си дозволи мирен реванш.

Фудбалерите на Шкендија не се испотија многу, ја контролираа играта, а на крајот постигнаа и гол за нова победа.

Ване Крстевски го постигна победничкиот гол во 86. минута од натпреварот.

Шкендија во следното коло ќе игра против словенечкиот тим Браво. Првиот натпревар го игра на гостински терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ