петок, 17 јули 2026

Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово

Со дефиле низ градските улици и свечено отворање на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вчера почна седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово. До недела, публиката ќе има можност да проследи настапи на фолклорни ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот фолклорен фестивал годинава се организира по седми пат. За првпат, дел од програмата ќе се одржи и надвор од Куманово, со цел манифестацијата да биде достапна и за пошироката публика.

Пред публиката се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакнувајќи ја улогата и мисијата на фолклорните уметници, посакувајќи им незаборавни моменти на сите гости, кои допатуваа од повеќе градови од земјава и странски држави. На настанот присуствуваше и претседателката на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска и членови на општинската администрација.

По отворањето во Куманово, фестивалската програма продолжува денеска во Скопје и утре во Кратово, додека завршната фестивалска вечер ќе се одржи на 19 јули, повторно во Куманово.

До недела, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да проследат настапи на ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија, кои ќе се претстават со традиционални песни, игри и обичаи од своите земји.

Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ