„Извршниот директор и менаџмент тимот веќе ги известија вработените за оваа одлука. Оваа одлука доаѓа по детална евалуација на долгорочната економска перспектива на фабриката во Македонија, искористеноста на севкупниот капацитет на компанијата и идните барања на глобалната производствена мрежа на БМЗ.
Клиентите ќе продолжат да ги добиваат производите. Производството ќе биде пренесено во БМЗ Полска, која што веќе работи во согласност со истите спецификации и стандарди за квалитет. Трансферот ќе се одвива во фази во периодот помеѓу август и декември годинава. БМЗ го препознава влијанието кое оваа одлука ќе го има на вработените во Македонија. Компанијата е целосно посветена оваа транзиција да ја комплетира одговорно, транспарентно и со почит кон сите вработени. Во рамки на тимот на БМЗ Северна Македонија, во тек е подготовка и реализација на индивидуални и тимски состаноци, за да може да се разгледа секоја ситуација поединечно и да се дефинираат следните чекори. Фабриката ќе продолжи да работи до крајот на 2026 година за да се обезбеди соодветен трансфер на производите“, соопшти БМЗ.
БМЗ батери солушнс груп, со седиште во Карлштајн на Мајна, Германија, е водечки меѓународен производител на батериски системи со високи перформанси и долгорочен технолошки партнер во електрификацијата и декарбонизацијата на клучните индустриски сектори. Групацијата управува со производствени локации во Германија, Полска, Кина, Македонија, Бразил и Соединетите Американски Држави, како и со локации за продажба и сервис во Обединетото Кралство, Јапонија и Хонг Конг.





