петок, 17 јули 2026

Прво место за ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје на Меѓународен фолклорен фестивал во Тирана – горди Македонците во Албанија

Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот Интернационален фолк фестивал Тирана (International Folk Festival Tirana), каде што настапија фолклорни ансамбли од девет држави од Европа, Азија и Африка.

Објавено на

часот

Сподели

Со извонредни настапи, богата кореографија и автентична изведба на македонските народни песни и ора, членовите на ансамблот достојно ја претставија Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и стручното жири.

Освоеното прво место претставува големо меѓународно признание за македонскиот фолклор и потврда за посветената работа, талентот и љубовта кон традицијата што со години ги негуваат членовите на „Студио Фолклор“.

„ Интернационалниот фолк фестивал Тирана,  традиционално собира ансамбли од повеќе земји, а годинава учествуваа претставници од девет држави. Во силна меѓународна конкуренција, македонскиот ансамбл успеа да го освои највисокото признание и уште еднаш да покаже дека македонската култура и фолклор се високо ценети и препознатливи надвор од границите на државата“, објави весникот “Илинден”.

Оценува дека овој успех е повод за гордост не само за ансамблот, туку и за целата македонска културна јавност, која доби уште една потврда дека традицијата, кога се негува со љубов и посветеност, продолжува достојно да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

„Ова не е само победа, туку голема чест и признание за сите кои несебично работат на зачувување и промоција на македонската традиција. Горди сме што достоинствено ја претставивме Македонија и што нашата култура повторно беше препознаена како една од најдобрите“, порачаа организаторите на македонската делегација.

Од тимот упатија благодарност до сите членови на ансамблот, кореографите, музичарите и поддржувачите кои придонеле за овој значаен успех.

„Победата на Интернационалниот фолк фестивал Тирана претставува уште еден доказ дека македонскиот фолклор продолжува да живее, да инспирира и да освојува признанија на меѓународните фестивалски сцени, промовирајќи ги богатата традиција, култура и национален идентитет“, се вели во објавата на весникот „Илинден” од Тирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ