петок, 17 јули 2026

Финансиски експерти: Колку пари се навистина доволни?

Многумина веруваат дека поголема банкарска сметка автоматски би ги направила посреќни и целосно би им го променила животот. И навистина, на почетокот, секоја дополнителна сума пари носи поголема финансиска сигурност, помалку стрес и повеќе можности.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, експертите кои го проучуваат богатството и управувањето со средства истакнуваат дека како што расте нето-вредноста, парите го менуваат секојдневниот живот сè помалку и помалку, а сè повеќе носат слобода на избор, влијание и можност да се остави траен белег, пренесува „Животот на трилионерите“.

Не постои универзална бројка што важи за сите, бидејќи начинот на живот зависи од земјата во која живее некој, големината на семејството, животните навики и личните приоритети. Сепак, постојат одредени финансиски пресвртници кои покажуваат како се менува односот помеѓу парите и квалитетот на животот.

Милион долари

Со нето-богатство од околу милион долари, многу луѓе успеваат да обезбедат стабилна финансиска основа. Тие можат да живеат без поголеми грижи за секојдневните трошоци, но купувањето луксузен имот или честите егзотични патувања сепак бараат внимателно планирање.

Пет милиони долари

Кога богатството ќе достигне околу пет милиони долари, финансиската независност станува реална можност за многу луѓе. Работата повеќе не е неопходност, туку избор, а луксузните патувања, квалитетното образование за децата и поудобниот начин на живот стануваат многу подостапни.

Од 10 до 20 милиони долари

Со 10 до 20 милиони долари луксузот станува секојдневие. Врвните недвижности, егзотичните автомобили и престојот во хотели со повеќе ѕвездички повеќе не се повремени задоволства. Сепак, одржувањето на таков начин на живот сè уште бара значителни средства, бидејќи трошоците за одржување на луксузни куќи, автомобили и други скапи работи се многу високи.

Од 50 до 100 милиони долари

При богатство меѓу 50 и 100 милиони долари, фокусот се поместува од купување луксуз кон управување со голем имот. Вообичаено е поседување повеќе резиденции низ светот, ангажирање приватен персонал, користење приватни авиони и сериозно планирање за зачувување на богатството за идните генерации. Во оваа фаза, дополнителните милиони повеќе не го менуваат значително секојдневниот комфор, бидејќи речиси сè што може да се купи е веќе достапно.

Повеќе од 250 милиони долари

Кога нето-вредноста ќе надмине 250 милиони долари, парите добиваат сосема нова улога. Веќе не станува збор за лично трошење, туку за можноста за купување компании, финансирање големи деловни потфати, инвестирање во глобални проекти, поддршка на хуманитарни иницијативи и влијание врз развојот на цели индустрии.

За милијардерите, најголемата разлика во споредба со некој што поседува, на пример, 100 милиони долари честопати не е во нивниот животен стил, туку во нивото на влијание што можат да го остварат.

Секако, сите овие бројки претставуваат општи проценки. За некго, пет милиони долари ќе значат целосна слобода и исполнет живот, додека други ќе продолжат да живеат скромно со 100 милиони или секогаш ќе се стремат кон уште поголемо богатство. Токму затоа одговорот на прашањето колку пари се доволни не е ист за секого, бидејќи границата е одредена од личните желби, амбиции и погледот на животот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ