петок, 17 јули 2026

Ако ја минат втората пречка, Вардар и Шкендија ќе бидат носители во третото коло

По првите европски натпревари оваа сезона, Силекс е елиминиран, а Шкендија и Вардар ќе играат во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар ќе игра против летонскиот шампион Рига, а Шкендија ќе се сретне со словенечкиот клуб Браво.

Интересно е тоа што двата македонски претставници ќе бидат носители во третото коло ако успеат да ја поминат втората пречка.

За Вардар тоа би значело дека може да добие исклучително поволна ждрепка затоа што најсилен тим кој може да му падне е унгарскиот Ѓер, а останатите можни ривали се од Андора, Сан Марино, Црна Гора, Луксембург. За Шкендија не важи тоа бидејќи вицешампионот има поголем список ривали од кои дел со долг стаж и забележителни резултати на европска сцена, како Хајдук, ЦСКА Софија, Пјуник, Австрија Виена, Хибернијан, Сент Гален, Нефчи… Сепак и во оваа конкуренција има тимови со кои Шкендија може да брка добар резултат, како добро познатиот Шелбурн, Тобол, ХБ, Дунајска Стреда, Илвес итн.

Ждрепката за третото квалификациско коло од Конференциската лига ќе се одржи в понеделник од 14 часот. Натпреварите од второто, пак, се играат во периодот од 22 до 30 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ