недела, 31 мај 2026

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа кај гробиштата во Ѓорче Петров

Седумдесет и петгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на сервисна улица кај гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај во 10:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило киа со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Скопје.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ