недела, 31 мај 2026

Пешак тешко повреден откако го удрил електричен тротинет во Гостивар

Шеесет и седумгодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од електричен тротинет на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 19:00 часот. Според пријавеното, непознато лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот В.Т. (67) од Гостивар.

По незгодата, возачот на тротинетот го напуштил местото на настанот.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот кој избегал по несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ