Пред натпреварот со домаќинот, на прес-конференцијата се обрати Езѓан Алиоски, кој зборуваше за очекувањата од средбата, настапите на националниот тим и значењето на дресот со број 10.
„Секогаш е убаво да се вратиш некаде каде што си играч. Тоа не значи многу, утре не очекува нов натпревар. Треба да уживаме во овој дуел пред полни трибини. Мора да учиме повеќе од секој нов натпревар. Одигравме добро против Босанците, но јасно е дека е потребно време. Ќе видиме понатаму, ама овие два квалитетни теста се одлични за нас. Многу се гордеам за десетката која значи многу, особено во репрезентација. Сепак, не игра бројката туку мора играчот да даде свој максимум на терен. Тоа е бројката на Барди, нашиот капитен кој ни недостига во тимот. За мене репрезентацијата е многу важна, сакам да стигнам до бројката од 100 натпревари. Дај Боже да немам повреди, но и освен бројот на средби, посакувам успех во иднина. Турција е многу силна репрезентација, со многу квалитетни играчи. Имам поранешни соиграчи во оваа селекција, па сигурни дека ќе бидам нивен навивач на Мундијалот“, изјави Алиоски на прес-конференцијата.
Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра в понеделник на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.






