Тој нагласи дека местото на државите од регионот е во Европската Унија, како рамноправни партнери кои достоинствено ги застапуваат своите национални интереси и вредности. Нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери – дециден е Ковачки.
Ковачки во своето обраќање потенцираше дека македонско-албанското пријателство не претставува само дипломатска формулација, туку е географска, историска и цивилизациска реалност која треба дополнително да се зајакнува преку заемна почит и соработка.






