недела, 31 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја повторува политиката на СДС за уставни измени без гаранции

Венко Филипче, исто како и поранешниот премиер Зоран Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека Заев користел слична реторика кога ги промовирал измените поврзани со промената на името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во Европската Унија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо ветениот напредок, државата се соочила со нови блокади, вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија.

Од партијата оценуваат дека Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата повторно нема да се соочи со нови пречки на европскиот пат.

„Уставните измени за промена на името беа последните што ги спроведоа СДС и ДУИ, а денес Филипче се обидува да го наметне истото сценарио“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека членството во ЕУ останува стратешка цел, но дека тоа не смее да биде оправдување за прифаќање нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси.

Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, како што велат, СДС и Венко Филипче повторно да ја газат волјата на граѓаните и дека секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции.

Од партијата обвинуваат дека Филипче ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС за отстапки без гаранции, додавајќи дека тој работи на исполнување на туѓи агенди и се додворува на Бугарија за да дојде на власт, при што најавува дека веднаш би ги спровел уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека Македонија заслужува достоинствен европски пат без нови условувања и отстапки, а граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна иднина.

Според партијата, СДС ја довела државата во ситуација да го промени државното име без да се реализираат ветувањата за членство во Европската Унија, оставајќи ја земјата изложена на билатерални спорови, вета и блокирана преговарачка рамка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ