недела, 31 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите молчат на обвинувањата на Боки-13 за рекетот на Вице Заев

Објавено на

часот

Сподели

„’Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола, веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер. Знаете за ова, господине Заев, така нели. Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз’, пишува Јовановски до Заев.

Сега се поставува логичното прашање, дали затоа последниот склучен договор за ископ на 1,4 милиони тони на јаглен во РЕК се плаќаат 19 милиони евра, односно 13 евра по тон, кога во исто време јагленот договорен од Косово го плаќаме 8 евра? Дали разликата од 5 евра по тон, односно 7 милиони евра вкупно треба да заврши кај Вице Заев, на истиот начин како што посочува Бојан Јовановски дека истиот тоа го прави. Која е економска оправданост да се плаќа и до 70% поскап ископ, ако не се работи за одредени други шеми? Дали народот ќе плаќа за Вице да ги полни џебовите и банкарските сметки? И сето тоа додека во РЕК се готват списоци за бркање на луѓе од работа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ