недела, 17 мај 2026

СДСМ: Зголемената економска динамика во ТИР зоните е потврда дека економијата се движи во добар правец

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните податоци говорат дека во вториот квартал од 2021 година, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра, што е за 140% повеќе од истиот период во 2020 година, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27%.

Во споредба со изминатите 4 години извозната активност и во јуни оваа година е највисока на месечно ниво и достигна ниво од 239 милиони евра, поточно за 25 милиони повеќе од истиот месец од 2020 година.

Паралелно, продолжува и растот на новоотворени работни места во овие зони. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7% споредено со истиот месец минатата година.

Очекувано е ваквиот нагорен тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни, но и нови странски и домашни компании.

Една од нив е и новата инвестиција на канадската компанија Магна, презентирана неодамна, која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места. Одговорниот, правичен и инклузивен пристап во привлекувањето странски инвестиции дава очигледни резултати.

Бележиме постојано отворање на нови и добро платени работни места и историски пад на нивото на невработеност. Продолжуваме со економски мерки и политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ