
„Поради глобалната енергетска криза ширум светот расте цената на струјата. Во Италија цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти. Со навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на нашите граѓани со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти.
Активирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја значително придонесе за тоа. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања обезбедени се средства за помош на ранливите семејства. 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари за субвенционирање на сметките за струја. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството“, се наведува во соопштението.
Од партијата додаваат дека преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи СДСМ ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики со цел ублажување на последиците од глобалната енергетска криза.






