Во соопштението СДСМ вели дека граѓаните на Скопје гледаат дека „градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Арсовска, не сработи ништо во првите два месеци од мандатот“.
„Сведочат само на поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина. Буџетот за 2022 не е развоен ниту е направен според потребите на граѓаните, не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки. Не се обезбедени пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема“, се вели во соопштението и се нагласува дека на Арсовска ѝ се побитни интересите на нејзините партнери отколку интересите на Скопје и неговите граѓани.






