„Како што во неколку наврати напоменавме, Општина Маврово и Ростуше пред повеќе од два месеци издаде решение за отстранување на деветте нелегално изградени викенд куќи, за да, во меѓувреме, владината комисија донесе одлука да не се уриваат истите.
Информациите кои пристигнаа до нас укажуваат дека сопственикот на компанијата „Радика ресорт” од Косово, Шериф Рамука и фирмата која ги гради објектите се во блиски односи со владејачката ДУИ. Имено, газдата на фирмата која гради бил и висок функционер од редовите на ДУИ во Гостивар.
Оттука, можеме да заклучиме дека криминалната влада на СДС и ДУИ работат исклучиво во интерес на олигарсите и капиталистите, а спротивно на интересите на обичните граѓани. Барањата на вработените во ресортот се јасни и едноставни, истите бараат само да бидат заштитени од органите на државата и своите примања да ги добиваат редовно, согласно законите, кои очигледно не важат за функционерите од ДУИ. Месецот одминува, а вработените сè уште ја немаат добиено платата за ноември месец.
Ваквото грубо кршење на законите во заштита на градежната мафија е олицетворение на владеењето на криминалната коалиција СДС-ДУИ, кои единствено ги штитат бизнис – интересите на своите соработници“, соопшти Левица.






